Наскоро нов тендер за Чебрен и Галиште

Bez autora
Oct 21 2013

По десетти пат ќе се бара инвеститор кој ќе го реализира проектот Чебрен и Галиште. Според министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, Владата наскоро ќе го објави новиот тендер за реализација на проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река, а јавниот повик ќе биде објавен во домашните и во еден странски весник. Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери.

Наскоро нов тендер за Чебрен и ГалиштеПо десетти пат ќе се бара инвеститор кој ќе го реализира проектот Чебрен и Галиште.

Според министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, Владата наскоро ќе го објави новиот тендер за реализација на проектот за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река, а јавниот повик ќе биде објавен во домашните и во еден странски весник.

- Условите на новиот јавен повик за реализација на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, познат како ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, се на некој начин балансирани помеѓу потребите на државата и барањата на идните концесионери - рече Адеми.

Тој посочи дека во новиот тендер не е предвидена изградбата на ХЕЦ Галиште, но се остава можност да се гради во иднина ако државата одлучи така.

Министерството, вели Адеми, и предложило на Владата да се променат условите на новиот тендер, а Владата ги прифатила подобрените услови.

- Новиот тендер предвидува висината на браната на ХЕЦ Чебрен да биде флексибилна помеѓу 182,5 и 192,5 метри со индикативен минимален вкупен инсталиран капацитет од 333 мегавати и можност за поставување на четири агрегати на ХЕЦ Чебрен. Исто така, се предвидува да се овозможи изградба на прибранска хидроцентрала на браната Орлов Камен со која нема да биде оневозможено градењето на ХЕЦ Галиште во иднина. Минималниот процент кој идниот концесионер треба да го понуди за АД ЕЛЕМ во заедничката компанија да не биде под 35%. Кога ХЕЦ Чебрен ќе работи со пумпен режим цената за пренос на електрична енергија која се плаќа на МЕПСО да биде фиксна и да важи за целиот концесиски период на ниво од тарифата за 2013 година определена во висина од 4,4 евра по мегават-час, - рече Адеми и додаде дека ХЕЦ Тиквеш ќе се отстапи на концесионерот три месеци по потпишувањето на договорот за концесија.

Со ваквите измени, Адеми очекува успешно завршување на тендерот.

- Постапката за доделување на концесија ќе ја спроведе комисија во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции од областа на водите, енергетиката, економијата, транспортот и финансиите, а тендерската документација со предвидените измени ќе ја подготви ИФЦ - нагласи Адеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik